Извршниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, соопшти дека Роскосмос испратил апел до своите партнери на Меѓународната вселенска станица, барајќи да ги укинат санкциите за компаниите на корпорацијата.

Државната вселенска корпорација Роскосмос испраќа писмен апел до своите партнери во Меѓународната вселенска станица, американската Национална управа за аеронаутика и вселена (НАСА), Канадската вселенска агенција и Европската вселенска агенција, барајќи укинување на нелегитимните санкции за нашите компании, порача Рогозин на Телеграм.

Како одговор на санкциите на Европската Унија, руската вселенска агенција Роскосмос ја прекина соработката со европските партнери на космодромот Куру во Француска Гвајана кон крајот на февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.