Францускиот производител на автомобили „Рено“ објави дека веднаш ќе ја прекине работата на својата фабрика во Москва и ќе ги процени можните опции за учеството во својата руска филијала „АвтоВаз“, додека притисокот расте околу неговото големо присуство во Русија.

Оваа фабрика произведува теренски возила „Дастер“, „Каптур“, „Аркана“ и „Нисан Терано“. Но, најголемиот дел од присуството на „Рено“ во Русија оди преку преку филијалата „АвтоВаз“, која на францускиот гигант му помогна да продаде речиси 500.000 возила во Русија во 2021 година, што го прави втор најголем пазар на компанијата по Европа.

Шефот на украинската дипломатија, вчера повика на глобален бојкот на „Рено“, откако украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето обраќање пред францускиот парламент го спомена „Рено“ меѓу неколкуте француски компании кои сè уште работат во Русија.

„Рено“ досега не најави излегување од Русија, но ова ја отвора вратата за такво сценарио, па групата ги проценува можните опции за учеството во „АвтоВаз“, во која „Рено“ има удел од 69 отсто од крајот на 2016 година. Компанијата е лидер на рускиот пазар со брендот „Лада“.

Групацијата „Рено“ соопшти дека сака да се однесува одговорно кон своите 45.000 вработени во Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.