Палестинската Црвена полумесечина објави дека секој ден по 180 жени во Газа се породуваат во опасни и нехумани услови поради израелските напади и окупација.
Во соопштението се вели дека многу од овие жени не можат да стигнат до болниците бидејќи израелските сили ги блокираат возилата на брзата помош.
За да привлече внимание на сериозноста на ситуацијата, Црвената полумесечина на социјалните мрежи го сподели разговорот од телефонскиот повик на медицинските тимови со семејството на бремена жена во Појасот Газа која не стигнала навреме во болница за да се породи.
На аудио снимката се слуша како еден од лекарите од Црвената полумесечина, кој разговара со медицинската сестра на родилката, се обидува да му помогне на нејзиното семејство давајќи им инструкции за да и овозможат на жената безбедно да се породи дома.
Претставникот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Доминик Ален, објави дека во Газа во последните 100 дена се регистрирани околу 18 илјади породувања и дека УНФПА не може да ги обезбеди потребните услуги, а состојбата во болницата е многу лоша.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега загинале повеќе од 23.800 Палестинци, меѓу кои огромен број жени и деца, а повеќе од 60.000 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.