Голем број украински политичари и медиуми пишуваат за разрешување на Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни.
Во јавноста веќе подолго време се појавуваа информации за „тивката војна“ меѓу Залужни и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Кабинетот на претседателот се уште сакаат да си го јадат своето лај*о. Мои извори од Кабинетот на претседателот известуваат дека Залужни е отстранет, пишува поранешниот пратеник и поранешен претставник на организацијата Десен сектор Борислав Береза.
На ваквите информации, стигна негирање од министерството за одбрана дека Залужни бил разрешен.
Сепак, поради фактот што Министерството за одбрана не прецизираше што точно е „невистинито“, украинските медиуми продолжуваат да објавуваат детали за разрешувањето на Залужни.
На Залужни му беше понудена функцијата амбасадор, но тој одби. Сега си ги пакува работите“ , објави „Украинска Правда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.