Британскиот министер за финансии Кваси Квартенг е разрешен, јави „Би-би-си“.

Претходно тој предвреме замина од состаноците на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Квартенг е британски министер за финансии со најкраток мандат од 1970 година. Неговиот наследник ќе биде четврти британски министер за финансии откако земјата се најде во енергетска и инфлаторна криза.

Заедно со Квартег, функциите ќе ги загубат и неговите заменици.

Според новинар на The Times, нов министер за финансии ќе биде Џереми Хант.

Се очекува во следните неколку часа премиерката Лиз Трас да ги објасни причините за смената на Квартенг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.