Двајца мажи и една жена се убиени вчера во Џексонвил, Флорида, во пукање што полицијата го третира како злосторство од омраза. Пукањето се случило во продавница на Dollar General. Белец вооружен со пушка и пиштол убил тројца Афроамериканци пред да се самоубие.

Ги мразеше Афроамериканците, рекол шерифот Т.К. Вотерс на прес-конференција.

Тој не го именуваше напаѓачот, но рече дека пред нападот објавил неколку прогласи против афроамериканското население. Полицијата верува дека тој дејствувал сам.

Соединетите Американски Држави имаат повеќе лично огнено оружје отколку жителите поради законот што им дава право на тоа и екстремно лесното стекнување. Последица на таквата политика е многу висока стапка на смртност од огнено оружје во САД во споредба со другите развиени земји.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.