И покрај ограничениот успех во Украина, претседателот Владимир Путин сè уште има „амбиции да создаде голема Русија“, рече Лиз Трас.
Како што наведе таа, Молдавија треба да биде „опремена со стандардите на НАТО“ за да и помогне да се заштити од руската закана. Министерот за надворешни работи на Велика Британија за Телеграф изјавил дека во тек се разговори со сојузниците како да им се помогне на помалите нации да се одбранат, пренесува Би-Би-Си.
Молдавија, некогаш советска република, се наоѓа на југозападната граница на Украина, не се граничи со Русија, но е блиску до некои региони кои моментално се окупирани од руските сили на југот на Украина.
Молдавија не е членка на НАТО, иако поднесе барање за приклучување помалку од две недели по инвазијата на Украина.
Трасова рече дека разговорите за подобрување на одбраната на Украина со цел да се одврати идната руска агресија ќе опфатат „други ранливи земји како Молдавија“.
„Би сакала да ја видам Молдавија опремена според стандардите на НАТО и за тоа разговараме со нашите сојузници“, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.