Русија денеска слави 77 години од победата над хитлеровата Германија, а претседателот Владимир Путин го одржа долгоочекуваниот говор околу случувањата во војната против Украина.
Наша должност е да ги чуваме спомените на оние поради кои сме победници и да не ја повториме светската војна. Изминативе години се обидувавме да ги одржуваме мировните договори, но не сакаа да не слушнат. Имавме потполно други планови. НАТО активно оди во правец на нашите територии, а тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го добива најмодерното оружје. Одлуката за воената операција, беше единствената исправна одлука – рече Владимир Путин во својот говор.
Путин зборуваше за „русофобијата која во моментов владе во светот“.
Тој во обраќањето изјави дека на некои американски ветерани им е забрането да дојдат на Денот на победата, иако, како што рече, сакале да дојдат.
Спротивно од очекувањата, Путин кажа ништо конкретно за рускиот напад на Украина, кој оваа земја се уште го нарекува „специјална воена операција“. Не кажа ништо за општа мобилизација, како што некои очекуваа, но Кремљ веќе таквите информации ги демантираше и ги нарече „глупости“. Околу истокот на Украина, Путин изјави дека населението во Донбас поддржано од Русија, која „се бори за семејствата и нивната егзистенција“. Тој најави и помош за децата на загинатите војници во Украина, што е едно од ретките признанија за руските загуби.
Говорот беше прекинат со едноминутно молчење.
Путин им посака брзо закрепнување на сите ранети војници и му се заблагодари на медицинскиот персонал.
За Русија! За победа! – извика Путин на крајот од својот говор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.