Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на рускиот Совет за безбедност изјави дека Полска планира да окупира дел од Украина.
Што се однесува до полските лидери, тие веројатно очекуваат да формираат некаква коалиција под покровителство на НАТО и директно да интервенираат во конфликтот во Украина, за потоа да си откинат подебело парче за себе, за да си ги вратат, како што веруваат, нивните историски територии – денешна западна Украина, рече Путин, а пренесува „Гардијан“.
Западните територии на денешна Полска се подарок на Сталин за Полјаците, дали нашите пријатели во Варшава го заборавија тоа? Ќе ве потсетиме, рече тој.
Според Би-Би-Си, Путин не ја образложил конкретно неговата изјава во врска со наводите за полски намери. Тој претходно се повика на идејата за територијални „подароци“ од советските власти за да ја оправда руската анексија на Крим.
Минатата недела портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во интервју за Ал Џезира изјави дека „очигледна е желбата на Полска да го нападне западниот дел на Украина“, и затоа Украина не беше поканета во НАТО.
Путин, исто така, рече дека контраофанзивата на Киев, започната да ги турка руските трупи назад во јужна и источна Украина, не успеа и покрај воената и финансиската поддршка од западните земји.
Во секој случај, сè уште нема резултати“ од контраофанзивата, рече Путин во телевизиските коментари од состанокот на Советот за безбедност во Кремљ, како што пренесе АФП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.