Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека не е возможен прекин на огнот пред да почнат мировни преговори со Киев.

– Едноставно не можеме сега да прогласиме прекин на огнот со надеж дека другата страна ќе преземе некои позитивни чекори, посочи Путин.

Тој додаде дека е неопходно Украина да се согласи да преземе чекори што се неповратни и прифатливи за Русија.

– Не можеме да дозволиме непријателот да го искористи овој прекин на огнот и потоа да ја подобри својата позиција – да се вооружат, да се опремат со помош на присилна мобилизација и да се подготват за продолжување на вооружениот конфликт, истакна Путин.

Според него невозможно е да се стави крај на конфликтот со Украина преку посредници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.