Рускиот претседател Владимир Путин денеска го именуваше секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу за координатор за развој на воено-индустрискиот комплекс.
Путин нагласил дека е неопходно да има независен координатор на активностите за Министерството за одбрана да добие соодветна опрема, а тоа да биде Шојгу.
Тој нагласи дека станува збор за приоритетните задачи на одбранбената индустрија, за обемот и профитабилноста на производството на најпопуларните воени производи.
Сергеј Шојгу стана секретар на Советот за безбедност на 12 мај.
Пред тоа беше шеф на Министерството за одбрана од 2012 година, а по инаугурацијата на Путин за петтиот претседателски мандат на таа функција дојде Андреј Белоусов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.