Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата да присуствува на самитот Г-20 што ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември, изјави претседателот на земјата Јоко Видодо.

Индонезија сака да ги обедини Г20. Не дозволувајте да дојде до раскол. Мирот и стабилноста се клучот за закрепнување и развој на светската економија“, се вели во изјавата на Видодо од Кабинетот на Индонезија.

Видодо, исто така, претходно оваа недела упати покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Твитер напиша дека е „благодарен“ за поканата, но не прецизира дали ќе присуствува на самитот.

Претходно оваа недела, Видодо разговарал со Путин и Зеленски во одвоени телефонски разговори, за време на кои тој му ја пренел на Путин важноста од „итно“ завршување на војната во Украина и желбата на Индонезија да придонесе за мирно решавање на конфликтот, се вели во соопштението.

Видодо рече дека му ја пренел на Зеленски подготвеноста на Индонезија да обезбеди хуманитарна помош за Украина, но не и воена помош, што според него е забрането со уставот на Индонезија и нејзините принципи на надворешната политика, објави Си-Ен-Ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.