Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин годинава се очекува да ја посети Кина.
Ова беше соопштено откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја посети Кина.
„Кинескиот лидер Си Џинпинг го поздрави доаѓањето на Сергеј Лавров во Пекинг како важна фаза во сеопфатните подготовки за претстојната државна посета на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на Народна Република Кина оваа година“, се вели во соопштение на Министерството, пренесува агенцијата РИА.
Лавров беше во дводневна посета на Кина, каде се сретна со својот кинески колега Ванг Ји, при што рече дека посебно внимание на Русија е посветено на претстојните контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.