Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска гласаше електронски на локалните избори во Москва, пренесува РИА Новости.
Ова е многу удобен, сигурен облик на гласање. Го препорачувам на сите кои можат и сакаат да го користат – изјави Путин и ги повика руските граѓани да излезат на гласање.
Во Москва во петокот почна тридневното гласање за изборите за општински пратеници и ќе трае до недела.
Изборите на различни нивоа во Русија се одржуваат во текот на три дена, а во некои региони, вклучително и Москва, гласањето може да се врши и по електронски пат.
Годинава изборите се одржуваат во 125 од 146 општински единици во Москва од 9 до 11 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.