Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинската контраофанзива е неуспешна, и дека државноста на Украина наскоро ќе биде доведена во прашање.

Во телевизиско обраќање тој изјави дека ако украинските власти „донеле правилна одлука, сè ќе било завршено одамна“, пренесува РИА.

Путин рече дека е „невозможно“ да се лиши Русија од воените придобивки што ги постигна во Украина.

Тој посочи дека Русија секогаш ги бранела и секогаш ќе ги брани своите интереси.

– По распадот на Советскиот Сојуз, во Украина зајакнаа националистичките идеи, што доведе до денешната ситуација – рече Путин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.