Претседателот на Русија, Владимир Путин, обраќајќи им се на припадниците на Министерството за одбрана, Руската гарда, Федералната служба за безбедност, полицијата и Федералната служба за безбедност,мим порача дека со своите професионани активности, спречиле граѓанска војна.

Постапивте прецизно и координирано. Народот, луѓето, војската не беа со бунтовниците“, истакна рускиот лидер, додавајќи дека руските војници во тежок момент за Русија застанале на патот на интригите, коишто лесно би можело да резултираат со хаос.

Според Путин, Русија не морала да ги повлече единиците од зоната на специјални воени операции, за да спречи ескалација на сосотојбата.

Истовремено, Путин порача дека државата ќе направи се што е потребно за поддршка на семејствата на загинатите војници во случувањата со групата „Вагнер“

Претседателот истакна дека е за жалење што има загуби.

Нашите соборци загинаа бранејќи ја татковината. Армијата мораше да работи во тешки услови, на прометни патишта, за да ги исполни своите задачи“, порача Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.