Во Вашингтон било пукано врз возило на Амбасадата на Азербејџан, соопшти Министерството за надворешни работи.

Според соопштеното, инцидентот се случил во текот на ноќта, а азербејџанските власти веќе ги известиле американските власти.

„Ноќта меѓу 10 и 11 октомври бил отворен оган од службен автомобил на Амбасадата на Република Азербејџан во Вашингтон. Дипломатската мисија веднаш ги известила американските служби и доставила снимки од надзорните камери“, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.