Во масовното пукање што се случи во стоковната куќа „Волмарт“ во американската сојузна држава Вирџинија, неколку лица се убиени и ранети.

Според првите резултати од истрагата, менаџерот на маркетот најверојатно ги застрелал вработените. Засега се верува дека целиот инцидент се случил внатре во продавницата, меѓутоа полицијата соопшти дека телото на едно лице е пронајдено пред продавницата, пишува „Би-Би-Си“.

Во масовното пукање загинаа најмалку десет лица, меѓу кои и напаѓачот, но се уште не се знае дали тој се самоубил или бил елиминиран од полицијата.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку пет лица се хоспитализирани.

Неодамна имаше масовно пукање во ноќен клуб во Колорадо, кога беа убиени пет лица, а 17 беа ранети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.