Најмалку 11 лица загинале, а 12 се повредени во престрелка во Мексико, соопштија властите. Престрелката се случила во градот Салватиери, во неделата рано наутро, на забава одржана на поранешната хациенда.

Напаѓачите наводно упаднале во забавата и отвориле оган. Според медиумите, на забавата биле млади луѓе.

Општинската администрација преку соопштение наведува дека повредените се префрлени во различни болници во општината, не наведувајќи повеќе детали за нивната здравствена состојба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.