Ученичката Џована Безера(17) убиена е со пукање во глава на степениците во училиште во Бразил, а момчето кое ја убило потоа со пиштол упаднало во преполната училница и почнало да пука во другите ученици.
Дејли мејл пренесува дека овој ужас во средното училиште „Сапопемба“ во Сан Паоло се случил две недели откако ученикот кој го изврши злосторството на чет на Дискорд предупредил дека подготвува напад.
Нападот во кој е убиена една девојка и три други се ранети се случил вчера изурината во 7 часот и 30 минути, соопшти полицијата, а како што се наведува, ученикот кој пукал претходно бил жртва на малтретирање.
Бидејќи повеќе не можеше да го поднесе малтретирањето на училиште, поточно хомофобијата, реши да му го земе пиштолот на татко му.
Тој (момчето) додаде дека мајката веќе поднела жалба поради малтретирањето што го претрпел нејзиниот син, а притисокот дополнително се зголемил кога тој решил да носи женска облека, изјавил адвокатот на момчето, пренесува „Ел Паис“.
Владата на Сао Паоло соопшти дека во престрелката биле погодени тројца ученици.
Еден ученик загина, а тројца се во болница, меѓу кои и еден кој беше повреден додека се обидуваше да избега. Сите жртви се жени, се вели во соопштението.
Роднините на децата кои биле сведоци на трагедијата, велат дека овие инциденти често се случуваат.
Жал ми е за жртвата. 17-годишна девојка да го загуби животот така е апсурдно, апсурдно. За жал, ова се случува доста често, и тоа е комплицирано, жално е…Кога внук ми ги слушнал истрелите, се создала паника, сите трчале, но негиовиот инстинкт беше да го скрши стаклото и да скокне од прозорецот на училиштето. Тогаш ја повредил раката“.
Според една неодамнешна студија на бразилскиот форум за јавна безбедност, оваа година имало осум слични настани во Бразил.
Напаѓачот употребил огнено оружје и покрај тоа што добивањето во Бразил е многу покомплицирано отколку во САД.
Минатиот април четири деца помлади од седум години беа убиени во градинка во Бразил. Тој настан следеше неполн месец по убиството на ученик во училиште.
Полицијата уапси повеќе од 200 тинејџери поради ширење закани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.