Кина во петокот соопшти дека за првпат ќе воведе употреба на брзи антигенски тестови, бидејќи случаите на Ковид-19 ширум земјата се искачија на највисоко ниво во последните две години, со ширењето на сојот омикрон.

Националната здравствена комисија соопшти дека комплетите за само-тестирање сега ќе бидат достапни за клиниките и обичните граѓани да ги купуваат преку „аптеки на мало, платформи за онлајн продажба и други канали“, откако властите заклучија град од девет милиони во северниот дел на земјата и затворија училишта во Шангај за ги намали инфекциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.