Русија денеска им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат рускиот воздушен простор како одмазда за санкциите што го засегаат рускиот авијациски сектор.

Меѓу компаниите на кои им е забрането да го користат рускиот воздушен простор се и оние од Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и од Канада, пренесува „Ројтерс“.

Европската Унија вчера одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони, а на таа одлука ѝ се приклучија и други земји, кои не се членки на Унијата.

Денеска е петти ден од почетокот на руската агресија врз Украина откако рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро најави „почеток на специјална воена акција“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска побара од Европската Унија итен прием и ги повика руските војници да дезертираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.