Безживотното тело на спортскиот директор на турскиот фудбалски прволигаш Хатајспор, Танер Савут, (48), е пронајдено во урнатините, повеќе од две недели по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Телото на Танер Савут во вторникот го идентификувал неговиот брат според прстен на раката, а неговиот идентитет бил дополнително утврден со ДНК тест.

Длабоко сме ожалостени од загубата на нашиот спортски директор Танер Савут. Почивај во мир наш учителу, сочувство до неговото семејство и до навивачите. Нема да ве заборавиме господине Танер. Секогаш ќе бидеш во нашите срца, соопшти Хатајспор.

Неговото тело е пронајдено во близина на местото каде пред три денови беше пронајдено и телото на репрезентативецот на Гана, Кристијан Атсу, кој настапуваше за Хатајспор.

Савут беше поранешен турски фудбалер кој во текот на својата кариера настапуваше за Фенербахче, Гезтепе, Сакаријаспор и Аланиј



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.