Суд во Турција одреди притвор до почетокот на судењето за 17 осомничени за организација на бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест, а 81 лице се здобија со повреди.

Тие се обвинети за напад врз унитарноста на државата, намерни убиства и за обиди за убиства, јави агенцијата Анадолија.

Судот тројца осомничени да не бидат во притвор до почетокот на судењето.

Издадена е и наредба од Турција да бидат депортирани 29 лица, кои полицијата ги уапсила во врска со нападот.

Како што пишуваат дел од медиумите, турските власти за нападот го обвинуваат сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК). Сепак, ПКК негираше вмешаност во овој напад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.