Принцезата од Велс, Катрин – Кејт Мидлтон во Бакингемската палата се сретна со првата дама на Украина, Олена Зеленска, пред денешниот погреб на кралицата.
Инаку, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на погребот ќе го застапува нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата. Во комбинација со едноставен црн фустан, Кејт на состанокот со Олена носеше бисерна нараквица, којашто некогаш ѝ припаѓала на Лејди Дијана – мајката на принцот од Велс, Вилијам.
Принцезата Дијана ја носеше истата нараквица додека беше на посета во Хонг Конг со нејзиниот тогашен сопруг, принцот Чарлс. Нараквицата му била предадена на принцот Вилијам по смртта на Дијана, а тој подоцна ѝ ја подарил на својата сопруга Кејт.
Кејт ја носеше бисерната нараквица неколкупати изминативе неколку дена, а последен пат на ручекот одржан за генералните гувернери на Комонвелтот во Бакингемската палата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.