Австралиската полиција ја истражува кражбата на лични податоци на 10.000 корисници на телекомуникациската компанија „Оптус“ (Optus), која беше цел на хакерски напад и е побаран откуп од еден милион австралиски долари во криптовалута, соопшти компанијата.

Од „Оптус“, вториот по големина мобилен оператор во Австралија, кој е во сопственост на „Сингапур телеком“ украдени се податоците на 10 милиони корисници, вклучително и домашни адреси, возачки дозволи и броеви на пасоши, биле компромитирани во едно од најголемите истекување на лични податоци во Австралија.

Хакерите денеска соопштија дека ги избришале податоците поради преголемото медиумско внимание и оти го повлекуваат барањето за откуп. Тие исто така изразија жалење поради протекувањето на податоците на 10.200 Австралијци.

„Оптус“ и австралиската федерална полиција, кои соработуваа со американското Федерално истражно биро (ФБИ) и други агенции вклучени во истрагата, одбија да ги коментираат наводите на хакерите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.