Премиерот на Пакистан, Имран Кан, ги нападна земјите на Европската Унија поради нивните барања Пакистан да гласа против Русија за време на неодамна одржаната седница на Генералното собрание на Обединетите Нации. Во својата реакција, Кан ги праша Европјаните дали тие можеби ги сметаат Пакистанците за свои „робови“.

Говорејќи на јавен собир, Кан се осврна на писмото коештона 1 март го објавија шефовите на 22 дипломатски мисии, вклучувајќи ги  тие на земјите членки на ЕУ, во кое го повикуваат Пакистан да ја поддржи резолуцијата во Генералното собрание на ОН со која се осудува руската воена акција во Украина.

Пакистан, кој е традиционален сојузник на Западот, беше воздржан на гласањето.

Дали го испративте ова исто писмо на Индија? Кога Индија ги прекрши меѓународните закониво окупираниот Кашмир, дали некој од вас ги прекина врските со Индија или ја прекина трговијата. Дали ние сме ваши робови па да треба да правиме се што вие ќе кажете – порача Кан.

Тој додаде дека нема да поддржи ниту една земја во војна, но дека „ќе направи исчекор во поддршката за сите коишто сакаат мир.

Имаме пријателства со САД, Русија, Кина и Европа. Не сме во ниту еден табор. Затоа што сме неутрални ќе се обидеме да соработуваме со овие земји во обид да ја завршиме оваа војна во Украина – изјави Кан.

Кан и неговата влада се најдоа во центарот на вниманието откако тој замина во посета на Москва кон крајот на февруари. Тој се сретна со рускиот претседател, Владимир Путин, неколку часа откако то ја издаде наредбата руските трупи да ја почнат воената акција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.