Во собраниската клупа на италијанскиот Парламент имало бебе, бидејќи пратеничката Џилда Спортиело го доела својот син Федерик и предизвикала аплауз од колегите.

Ваквиот настан би бил вообичаен во многу земји, но во италијанскиот парламент, во кој традиционално доминираат мажи, предизвика татнеж од одобрување кај пратениците, пренесува Ројтерс.

Претседавачот Ѓорѓо Муле рече дека ова е прв пат да се случи вакво нешто и истакна дека сите присутни им даваат целосна поддршка на мајката и синот. „На Федерик му посакуваме долг, слободен и мирен живот. А сега ќе ги водиме нашите разговори без врева“, рече Муле.

Во ноември минатата година комисијата за собраниски деловник донесе одлука пратеничките во Собранието да можат да ги дојат своите бебиња до една година.

„Премногу мајки се принудени да одат на работа и поради тоа се принудени да престанат да ги дојат своите бебиња“, рече една пратеничка од левичарското Движење 5 ѕвезди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.