„Ги повикувам сите руски дипломати да поднесат оставки во знак на протест поради војната во Украина“, напиша Андреј Козирев на Твитер.

Вие, руските дипломати, сте професионалци, а не евтини пропагандисти. Додека работев во МНР бев горд на моите колеги. Сега едноставно не можете да ја поддржите крвавата братоубиствена војна во Украина. Навистина е време да престанете да зборувате и да дејствувате посилно! Главниот здравствен проблем на рускиот владетел и неговите соработници е лудото чувство на неказнивост, потхранувано од годините на западно смирување на страстите. Потребна е одлучна акција СЕГА, бидејќи во Украина се убиваат деца!, се наведува во изјавата на поранешниот висок руски дипломат.

Во првичната реакција на неговиот твит, пристигната од руското Министерството за надворешни работи, што ја пренесе Тасс, поранешниот прв дипломат се оценува за предавник.

озирев отсекогаш бил поврзуван со предавство во Министерството за надворешни работи во Москва“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на извор во министерството.

Козирев беше шеф на руската дипломатија од октомври 1990 година до јануари 1996 година, во времето на владеењето на Борис Елцин.

Изворот од руското МНР наведува дека „за 20 години од воведувањето на Денот на дипломите, тимот на министерството никогаш не му честитал на поранешниот шеф бидејќи неговото име станало синоним за „козиревштина и синоним за предавство“.

Неговиот наследник, Евгениј Примаков, министерството го затекна „во критична состојба“, наведува изворот од руското МНР.

Козирев подолго време живее во странство и долго време се занимава со „антируска субверзивна работа“. Тој ја доби својата награда за тоа и „на неговите триесет сребрени монети се натрупа камата“, додава изворот за руската државна агенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.