Pоранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е застрелан за време на митинг во градот Нар.
Абе бил застрелан двапати додека држел говор, поради што паднал на земја. Неговиот напаѓач е уапсен.
Поранешниот гувернер на Токио Јоичи Масузое во твит објави дека 67-годишниот Абе бил во состојба на кардиопулмонален застој.
Терминот често се користи пред официјално да се потврди смртта во Јапонија.
Агенцијата за управување со пожари и катастрофи потврди дека г-дин Абе имал рана од куршум на десната страна на вратот, а исто така претрпел поткожно крварење под левиот дел од градниот кош.
Не е јасно дали и двата истрели го погодиле или дали куршум го погодил по вратот и отишол на друго место.
„Поранешниот премиер Абе беше застрелан околу 11:30 часот по локално време (02:30 по Гринич) во Нара. Еден човек, за кој се верува дека е напаѓачот, е приведен. Состојбата на поранешниот премиер Абе во моментов е непозната. изјави за новинарите главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно.
„Која и да е причината, таков варварски чин никогаш не може да се толерира и ние остро го осудуваме.
Абе држеше говор за еден кандидат во Нара кога се случи нападот – очевидци сведочат дека виделе маж кој носел голем пиштол и пука од зад грб.
Веднаш паднал на земја раскрвавен. Службениците за безбедност го привеле напаѓачот кој не се обидел да побегне.
Абе бил „свесен и реагирал“ додека бил транспортиран во болница по пукањето
NHK додаде дека осомничениот – кој е идентификуван како Тецуја Јамагами – користел рачно изработен пиштол. Се верува дека има околу 40-те години и дека е жител на Нара.
Според извештаите на локалните медиуми, се верува дека тој е поранешен член на јапонските поморски сили за самоодбрана, односно јапонската морнарица.
Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.
The moment that Japanese Former PM Shinzo Abe was shot. Looks to be a DIY shotgun. pic.twitter.com/sC0yzzfIob
— Global: MilitaryInfo (@Global_Mil_Info) July 8, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.