Поранешниот полицаец Михаил Попков (58), познат и како „сибирски врколак“ и „манијак од Ангарск“ кој уби најмалку 83 жени, сака да се приклучи на контроверзната руска шема за испраќање затвореници на фронтот во замена за нивната слобода.
„Дејли мејл“ наведува дека на овој начин илјадници силувачи, убијци и други закоравени криминалци станале руски платеници.
Попков уби 83 жени и отслужува две доживотни затворски казни плус 10 години по три одделни судења, но полициски извор верува дека вистинската бројка е „поблиску до 200“.
Попков сега дури и признава повеќекратни убиства додека се обидува да добие место меѓу платениците на руската група Вагнер предводена од контроверзниот бизнисмен Евгениј Пригожин.
In Russia, an ex-cop serial maniac who murdered 80 women, wants to join Wagner. He told about this in an interview with the OFFICIAL Russian TV channel.
He believes that his military specialisation is “in demand”. Official media have no problem speaking to this individual. pic.twitter.com/Vjk0OpKpNr
— Dmitri (@wartranslated) January 15, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.