Гласањето во американскиот Конгрес за помош за Киев ќе биде одложено уште неколку недели. Како што пишува „Блумберг“, станува збор за гласањето првично предвидено за на 9 април.

Според публикацијата, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, сè уште бара начини да ја омекне републиканското противење. Досега Џонсон не одлучил какви отстапки да бара од претседателот Џо Бајден и не им дал на републиканците план за пакет помош.

Тој претходно порача дека Конгресот ќе може да расправа за нацрт-законот за обезбедување помош на Украина по враќањето од одмор на 9 април и вети дека нема да го одложува прашањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.