Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, најави дека е можен забрзан пристап на Молдавија во Европската Унија.

Верувам дека е можен забрзан пат. Или тоа ќе биде навистина брз начин или преговорите ќе се заглават во долги разговори“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев.

Моравјецки изрази надеж дека Европската Унија широко ќе ги отвори вратите за Украина и Молдавија.

Премиерот на Молдавија, Дорин Речеан, му се заблагодари на Моравјецки за поддршката од Полска.

Реформите што ги спроведуваме нè приближуваат до Европската Унија, изјави тој.

Според него, и покрај сите предизвици и кризи, Молдавија сфатила дека може побрзо да се движи на патот на интеграцијата во ЕУ.

Молдавија стана кандидат за членство во ЕУ во 2022 година заедно со Украина и постојано ја обвинува Русија дека се обидува да ја дестабилизира. Оваа поранешна советска република со 2,5 милиони жители граничи со Украина и има руски мировници стационирани во регионот Придњестровје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.