Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, по средбата со својот британски колега Борис Џонсон, истакна дека политичката цел на претседателот на Русија, Владимир Путин е да го „уништи НАТО“.
Моравјецки порача дека затоа е важно НАТО да покажеме дека е обединето.
Полскиот премиер додаде дека НАТО има силно разбирање за тензиите на неговото источно крило.
Џонсон, од друга страна, изјави дека ниту Полска, ниту Велика Британија, не можат да прифатат свет во кој силен сосед може да ги заплаши или напаѓа другите.
Тој нагласи дека Полска има клучна улога во европската безбедност.
Лекцијата од изминатите сто години беше дека кога на Полска и се закануваше нестабилност, војна и агресија, тогаш сите беа загрозени – изјави британскиот премиер.
По средбата, двајцата лидери ја посетија касарната во Варшава каде што се сместени британски војници. Тие од декември им помагаат на полските сили да ја зајакнат границата со Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.