Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински собир во Варшава, порача дека поради војната во Украина, Норвешка остварува огромни профити од извозот на нафта и гас и поради тоа би морала да ги сподели добивките со другите земји од Европа.
Моравјецки истакна дека Норвешка индиректно се богати поради се што се случува во Украина и ги повика младите да им пишуваат за тоа на своите пријатели во Норвешка.
Добивката од продажбата на нафта и гас значително ќе ги надмине годишните просеци, а во земја со нешто повеќе од пет милиони жители годинава ќе надмине 100 милијарди евра. Мора веднаш да ја поделат таа огромна добивка, бидејќи не е ниту нормално, ниту фер да не биде така – изјави Моравјецки, пренесува Тасс.
Таквата изјава многу брзо предизвика бројни коментари во земјата. Владејачката партија застана во одбрана на премиерот, велејќи дека и Норвешка разговарала за тоа со дел од тие пари да ѝ помогне на Украина.
Опозициските партии, пак, ја критикуваа изјавата на Моравјецки, велејќи дека таа може да има негативно влијание врз норвешко-полските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.