Поранешен полски командос, кој се нарекува со кодното име Навал, во интервју за весникот „Глос 24“, вели дека Украина постапува онака како што и дозволува Русија.
Во фудбалот често велат дека некој игра онака како што му дозволува противникот. И тоа е случај и со конфликтот во Украине. Украинците можат да дејствуваат како што им дозволува Русија“, вели тој за весникот
Поранешниот командос, кој по активната служба станал воен аналитичар, вели дека официјален Киев нема да може да ги врати изгубените територии затоа што Русија е „премногу моќна за да биде истисната“.
Украинците, се разбира, ја имаат нашата (западна) силна поддршка, но тие се помали. Тие имаат многу помалку сила и ресурси. Русија едноставно има многу поголем потенцијал во секој поглед“, објаснува аналитичарот.
Тој, исто така, истакнува дека сигурен оти Украина „ќе мора да дојде на преговарачка маса во одреден момент.
Ако некој мисли дека никогаш нема да се согласат со тоа, греши, бидејќи во овој момент Украина е притисната до ѕидот“, заклучува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.