Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор.
Големи количества украински жито, што е поевтино од тоа што е произведено во Европска Унија, заврши во Полска и други централноевропски земји, што доведе до намалување на цената и ја погоди продажбата на локалните земјоделци.
Тоа создаде политички проблем за владејачката партија Право и правда во изборната година.
– Ние сме и остануваме непроменети пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржиме и ја поддржуваме … Но, должност на секоја држава, на секоја власт, добра власт е во секој случај е да ги заштити интересите на своите граѓани, изјави лидерот на Право и правда, Јарослав Качински.
Тој додаде дека Киев е информиран за одлуката, како и оти Полска е подготвена да започне преговори со Украина за решавање на проблемот со житото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.