Унгарија верува дека политиката на санкции на Европската унија против Русија не е ништо друго освен неуспех, рече министерот за надворешни работи на земјата Петер Сијарто.

„Нашата позиција е кристално јасна кога станува збор за санкциите. Ние ја сметаме политиката на санкции на Европската унија за тотален неуспех“, изјави тој за ТАСС на маргините на Генералното собрание на ОН.

Според него, рестриктивните мерки на ЕУ против Русија на никаков начин не помогнале да се постигне зацртаната цел за решавањето на конфликтот во Украина, а исто така нанеле поголема штета на економиите на европските земји отколку на Русија.

„Толку е очигледно дека страдавме од вртоглаво зголемена инфлација. Страдавме од брзото зголемување на цените на енергијата. И двете беа последици од режимот на санкции“, посочи тој.

Освен тоа, унгарскиот министер за надворешни работи нагласи дека големите западни земји и компании едноставно ги заобиколуваат антируските санкции што ги воведоа.

„Значи, тоа е лицемерно, бесмислено и не успеа. Ова е мое кратко мислење за политиката на санкции“, заклучи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.