Ирската националистичка партија Шин Фејн, која е за обединување со Ирска, на локалните избори освои 27 од бкупно 90 места во парламентот на Cеверна Ирска, додека Демократската унионистичка партија, која две децении доминираше во законодавниот дом, освои 24 места.

Победата на Шин Фејн значи дека тие сега има право да го изберат првиот министер во Белфаст, за првпат откако Cеверна Ирска беше основана како земја со мнозинско протестантско население во 1921 година.

Центристичката партија Алијанса, која не се идентификува ниту како националистичка, ниту како унионистичка, доживеа огромен раст на поддршката и ќе стане вториот голем победник на изборите со 17 пратенички места.

Иако победата на Шин Фејн може да значи историска промена која го покажува опаѓањето на поддршката за унионистичките партии, сè уште е неизвесно што ќе следи на политичката и општествената сцена поради комплицираната процедура за поделба на власта во Cеверна Ирска и тековните конфликти околу аранжманот за Брегзит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.