Дерек Шовин, поранешен американски полицаец кој го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, избегна смртна казна откако судијата ја прифати спогодбата за признавање вина, објавува „Си-Ен-Ен“.

Шовин нема да биде осуден на смрт, туку ќе добие затворска казна од 20 до 25 години. Опсегот на казната за полицаецот од Минеаполис беше наведен во спогодбата за признавање вина поднесена пред неколку месеци.

Шовин беше осуден за убиството на Флојд во 2020 година. Тоа е случај кој предизвика големи протести во САД и укажа на полициската бруталност кон Афроамериканците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.