Во палатата Бронгниарт во Париз денеска почнува Парискиот мировен форум, на кој учествуваат претставници на меѓународни организации и државни лидери.

Овогодишното шесто издание, насловено „Барајќи заеднички јазик во свет на ривалство“, е посветено на најголемите предизвици на денешницата и потрагата по ефективни одговори на најитните предизвици во светот. На форумот учествува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски,

Во фокусот на дводневниот состанок во Париз е управување со последиците од повеќекратните кризи врз населението, соработка преку конфликти, преиспитување на глобализацијата во поларизиран свет, катализирање на решенијата за климата и животната средина, обезбедување побезбеден и етички дигитален свет и поттикнување на поинклузивни и поправедни општества.

Форумот се отвора со сесијата „Париски пакт за луѓето и планетата“, а обраќање на отворањето ќе има претседателот на Франција Емануел Макрон.

Меѓу шефовите на држави кои ќе говорат се претседателката на Гана, Нана Акуфо-Адо, претседателот на Сенегал, Меки Сал, претседателот на Кенија, Вилијам Руто и премиерот на Барбадос, Миа Амор Мотли.

Меѓу говорниците се и генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, претседателот на Светската банка Ајај Банга, претседателот на Институтот за економски раст Нанд Кишоре Синг и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој Матијас Корман.

Покрај претставници на меѓународни организации и светски лидери, ќе присуствуваат и претставници на невладини организации и фондации, компании, верски групи, експерти и новинари од целиот свет.

Парискиот мировен форум, инициран од Макрон, се одржува од 2018 година, со цел да ги собере сите актери на глобалното владеење и се заснова на идејата за меѓународна соработка како клучен фактор за соочување со глобалните предизвици и обезбедување траен мир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.