Боливискиот војник, Марио Теран, кој го уби кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара во 1967 година, починал на 80-годишна возраст.

Теран, чија воена група го зароби легендарниот револуционер, роден во Аргентина, и подлегнал на долготрајна болест и зад себе оставил жена и две деца.

Убиството се случи на 8 октомври 1967 година, кога чета на армијата на Боливија го зароби болниот Че Гевера во боливиските планини, со помош на двајца агенти на ЦИА.

Како што изјави во една пригода самиот Теран, средбата со Че го одбележала неговиот живот.

Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот. Го видов големиот Че, навистина големиот. Очите неверојатно му сјаеја. Имав чувство како неговата појава да ме обзема и кога го впери погледот во мене ми заврте во главата. „Смири се“, ми рече. „И добро нанишани. Ќе убиеш само еден човек. Потоа, направив чекор наназад кон вратата и пукав – раскажуваше Теран.

Според биографите на животот на Че Геара, првите неколку куршуми на Теран ги промашиле градите на Че, но подоцнежниот рафал завршиле со неговиот живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.