По преговорите со Русија, Азербејџан ги повлече своите сили од населбата Фурух во Нагорно Карабах, соопшти руското Министерство за одбрана.

По преговорите, азербејџанската страна ги повлече своите единици од областа во близина на населбата Фурух – се наведува во соопштението на руското министерство.

Руското Министерство за одбрана додава дека Москва забележала два случаи на прекршување на примирјето во Нагорно Карабах, што биле извршени од азербејџански сили, при што биле ранети четири лица, по двајца на двете страни.

Командата на рускиот мировен контингент, заедно со претставниците на двете страни ја стабилизирала ситуацијата – се додава во соопштението.

Руската војска вчера соопшти дека вооружените сили на Азербејџан влегле во зоната на одговорност на рускиот мировен контингент на територијата на Нагорно Карабах и поставиле набљудувачка станица.

Од 24 до 25 март, азербејџанските сили извршија четири напади со беспилотни летала од типот Барјактар ​​врз единиците на Нагорно-Карабах во близина на населбата Фурух.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.