Во одвоени телефонски разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги, рускиот претседател Владимир Путин објаснил дека од 1 април испорачаниот руски гас ќе се плаќа во евра на Газпром банката, која не е под санкции и таа ќе ги конвертира во рубли.

Според прес-службата на Кремљ, а пренесе Спутник, процедурата за плаќање е променета бидејќи членките на Европската унија, „прекршувајќи ги нормите на меѓународното право“, ги замрзнале девизните резерви на Банката на Русија.

Путин и Шолц се согласиле експертите од двете земји да разговараат за дополнителните плаќања за рускиот гас во рубли и дека одлуката на Кремљ не треба да резултира со „влошување на договорните услови за европските компании кои увезуваат руски гас“.

Се посочува дека слично објаснување Путн дал и на италијанскиот премиер.

-Разменети се мислења и за последната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, како прашања за обезбедување хуманитарни коридори за цивилите во областите каде што се водат борбите, „пред се од Мариупол“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Кабинетот на италијанскиот премиер истакна дека тој го информирал Путин за подготвеноста на Италија да придонесе за мировниот процес во Украина.

Во соопштението на германската влада се вели дека Путин го информирал Шолц дека испораката на гас ќе се плаќа во рубли од 1 април и „укажал дека ништо нема да се промени за европските увозници, имајќи предвид дека сметките ќе се плаќаат во евра и, како и досега, ќе ѝ се уплаќа на Газпром банката која не е санкционирана и таа ќе ги претвори во рубли“.

Владата во Берлин наведува дека Шолц „за подобро да ја разбере процедурата на плаќање во рубли“, писмено побарал информации од Путин и дека тој додал дека останува на сила одлуката Г7 да плаќа за снабдување со енергија се плаќа исклучиво во евра и долари, што е предвидено и во договорите.

На 23 март Путин потпиша одлука дека „непријателските земји“ во иднина ќе плаќаат гас во рубли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.