Во околината на Бахмут состојбата на фронтот е релативно стабилизирана. По неколку неуспешни обиди, украинските сили повторно се обидуваат да ги прегрупираат единиците и да извршат дорут на муниција и воени средства во подготовка за нови напади.
Големиот број убиени и ранети во боребените формации кои учествуваат во секојдневните напади ја принудија украинската армија да ги прилагоди своите планови. Според информации од терен, останата е само 28% од борбено подготвниот персонал во вториот баталјон на 3-та бригада на украинската војска, како помалку од половина од редовната воена опрема.
Сега на подрачјето на Константиновка и Белаја Гора, во тек е активна обука и координација на јуришните одреди на 92 механизирана бригада, 57 моторизирана бригада и 24 баталјони „Ајдар“ на украинските сили, кои се планира да се користат на јужното крило на Бахмут во новиот бран напади.
Во првиот ешалон, 14 напаѓачки групи на националната полициска бригада „Љут“ се подготвуваат за напад. Осум од нив треба да удрат кон ридот 195.4 кај местото Клешчеевка, на југ од Бахмут, за да ги принудат руските трупи да се повлечат од селото. За останатите е планирано да се движат по железничките пруги во правец на Андреевка и Курдумовка за да ги блокираат приодите до триаголникот Курдјумовски.
Истовремено, на север, во околината на Северск, има концентрација од шест украински јуришни групи, што укажува на можно активирање од страната на селото Раздоловка. 10-та планинска ударна бригада и 54-та механизирана бригада, последниве недели интензивно подготвуваат резерви за напад, така што е сосема можен временски синхронизиран напад од повеќе страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.