Дванаесет лица, меѓу кои има и деца, се повредени во експлозија на нелегални пиротехнички средства на приватна новогодишна забава во Источен Берлин.
Според соопштение на пожарникарите, сите повредени, од кои најмладиот има 11 години, морале да бидат пренесени во болница за да се опорават од повредите.
Полицијата по истрагата соопшти дека нелегалната пиротехника очигледно била активирана на забава во областа Фридрихшаген бидејќи бројот на повредени и тежината на нивните повреди не може да се објасни поинаку.
Пожарникарите добиле дојава за инцидентот нешто по полноќ и испратиле 40 лица на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.