Во израелски воздушен напад извршен врз амбулантни возила користени за евакуација на ранети од опколениот северен дел на Газа, загинале 15, а 60 луѓе се ранети, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

Израелската војска соопшти дека идентификувала и погодила амбулантно возило „користено од терористичка ќелија на Хамас“. Тие тврдат дека групата дека пренесувала милитанти и оружје во амбулантни возила.

Официјалниот претставник на Хамас, Изат Ел Решик, изјави дека наводите за присуството на неговите борци се неосновани. Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа, изјави дека амбулантното возило било дел од конвој нападнато во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Кидра кажа дека Израел го таргетирал конвојот амбулантни возила на повеќе од една локација, вклучувајќи и удар пред болницата Ал-Шифа и плоштадот Ансар што е на еден километар оддалеченост.

Во соопштението за инцидентот, израелската војска не достави никаков доказ за да го поткрепи тврдењето дека амбулантното возило е поврзано со Хамас, јавија западни медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.