Петмина украински војници го положиле оружјето, ја напуштиле фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол и им се предале на руските сили, објавено е на канал на „Телеграм“ на проруските сили од Народната Доњецка Република (ДНР).

Петмина припадници на вооружените сили на Украина го положија оружјето и доброволно го напуштија подрачјето на фабриката за челик „Азовстал“, користејќи ја понудата на Народната милиција на ДНР и вооружените сили на Руската Федерација – соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе агенцијата РИА.

Во соопштението се наведува дека украинските војници дознале за понудата од специјалните летоци фрлени во индустриската зона. Оваа информација не е независно потврдена.

РИА наведува дека целиот Мариупол е ослободен од припадниците на украинските националистички единици и додава дека остатокот на украински сили, странските платеници и неонацистите од баталјонот „Азов“ се блокирани во фабриката за челик „Азовстал“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.