Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајна несреќа во Мисури во која учествуваа околу 50 возила, јавија локалните медиуми 23WIFR.
Се верува дека големата несреќа е предизвикана од задоцнето сопирање, при што маглата ја отежнувала видливоста.
„Како што се приближувавме до автопатот, маглата беше многу густа, а видливоста беше помала од 15 метри. Имаше повеќе судари од двете страни на автопатот. Северната и јужната лента беа затворени“, изјави директорот за јавна безбедност на Чарлстон, Роберт Херн.
Локалните власти соопштија дека помош за расчистување и помош на повредените пристигнала од неколку страни. „Ова е голем инцидент со повеќекратни смртни случаи и судири во кои учествувале неколку камиони со приколки“, соопшти Одделот за јавна безбедност на Мисури.
Камионите биле во пламен, додека чадот се гледал на километри. Најмалку едно лице од местото на несреќата било пренесено со хеликоптер за да му се пружи помош, а многумина добиле медицинска помош на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.