Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинската страна често ја менува својата позиција кога станува збор за прашања кои се веќе договорени во мировните преговори.

Специјалната воена операција продолжува. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека се оди според планот. Во исто време се водат контакти на експертско ниво во рамките на преговарачкиот процес – изјави Песков, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ истакна дека украинската страна не е доследна на договорените точки.

Би сакал да ги повторам и зборовите на претседателот дека, за жал, украинската страна не покажува посебна доследност. Ставот често се менува за веќе усогласени прашања – истакна Песков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.